Екс-амбасадор на Британија:повеќето западни медиуми се пристрасни спрема РФ

Поранешниот амбасадор на Велика Британија во Москва Тони Брентон смета дека повеќето западни медиуми пристрасно информираат за настаните во Русија.

„Некои медиуми даваат вистинита информација за Русија, но во основа тие презентираат мислење дека Русија претставува зло кое создава закана“, изјави Брентон за RT.

Според него, припишувањето на разновидни факти на Русија понекогаш оди до апсурд.

„Изненаден сум што до ден-денес не слушнавме приказна дека Русија управува со времето во Британија“, истакна дипломатот.

Претходно Брентон ја повика новата британска влада да воспостави добри односи со Москва.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња