САД сакаат да ја претекнат Русија во конвенционално оружје

Светот е сведок на воени операции на Русија какви што немало од 1980-те години, изјави шефот на Здружениот комитет на началниците на штабовите на САД генерал Џозеф Данфорд.

„Гледаме примери на такви операции, какви што немаме видео уште од времето кога бев капетан на боен брод во средината на 80-те“,изјави Данфорд, говорејќи во четвртокот на конференцијата на институтот „Брукингс“ во Вашингтон.

Според генералот, „гледаме дека Русија ги модернизира своите нуклеарни сили, цела низа поморско вооружување, конвенционалното вооружување, капацитетите во сајбер-сферата“.

„Мислам дека треба да се стекнеме со предност во сферата на конвенционалното вооружување против Русија“, убеден е Данфорд.

Покрај тоа, според него, НАТО треба да ги зајакне своите можности во сферата на спроведување информациски операции и во сајбер-сферата, пренесува „Интерфакс“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.