За време на состанокот со офицерите на Северната флота кои се истакнале во извршувањето на своите задачи во Средоземното Море во близина на брегот на Сирија, претседателот Владимир Путин изјави дека „на територијата на Сирија е насобран голем број на милитанти со потекло од републиките на поранешниот Советски Сојуз и од Русија.
„Според нашите прелиминарни податоци, се бројат илјадници: некаде, според податоците на Генералштабот на ГРУ и нашите други специјални служби, на ФСБ, на пример, до околу четири илјади се од Русија и околу пет илјади се од републиките на поранешниот Советски Сојуз“, изјави шефот на руската држава.
Во текот на разговорот со офицерите Путин, исто така, соопшти дека токму негова била иницијатива за мисијата на групата предводена од рускиот носач на авиони во близина на сирискиот брег. Од своја страна, командантот на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ му соопшти на Путин дека во текот на мисијата успеале во борбени услови да тестираат нова воена техника, вклучувајќи ги и новите авиони Миг-29 и хеликоптерите Ка-52, пренесува РБК.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче