Системите С-400 стапија на борбено дежурство во Подмосковје

Противвоздушната одбрана на Москва зајакната со ракетен систем С-400.

Противвоздушниот ракетен полк, вооружен со најновиот систем С-400 „Триумф“ стапи на борбена должност во Подмосковје, соопшти за борба должност во регионот на Москва, соопшти во вторникот Одделот за информации и масовни комуникации на Министерството за одбрана на Русија.

Како дел од опремувањето на Воздушно-космичките сили на РФ со модерни и напредни противвоздушни реакетни системи 2016 година со ракетниот систем С-400 „Триумф“ се вооружени четири ракетни полкови. Уште четири системи С-400 ќе  станат дел од вооружувањето на ВКС РФ во 2017 година.

„Во вторник, 21 февруари, дежурните одделенија на противвоздушниот ракетен полк на подмосковската единица за ПВО на Воздушно-комсичките сили, кои примија во состав на вооружувањето нов полковски комплет на ракетниот систем С-400 „Триумф“ пристапија на борбено дежурство за противвоздушна одбрана на Москва и централниот индустриски регион на Русија“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња