Лавров: Однесувањето на Украина е зад границата меѓу доброто и злото

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров исто така изјави дека постапката на Украина не е ниту христијанска.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека постојаниот претставник на Украина во ООН Владимир Ељченко не би се решил самиот да ја блокира изјавата на претседателот на СБ ООН по повод смртта на Виталиј Чуркин и дека тоа му е наредено од Киев.

„Сегашната украинска власт нѐ научи дека токму така некои луѓе во нивната земја се однесуваат спрема Русија и спрема оние кои не сакаат да им се покоруваат на неонацистите“, изјави Лавров по средбата со министерката за надворешни работи на Шведска Маргот Валстром.

„Тоа, се разбира, не е христијански. Тоа воопшто е зад границата меѓу доброто и злото“, потенцираше министерот, пренесува „Взгљад“.

Во вторникот портпаролот на МНР Русија Марија Захарова ја коментираше одлуката на Украина, претседавач со Советот за безбедност на ООН, да не даде изјава во врска со смртта на постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.