Почина Виталиј Чуркин

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Виталиј Чуркин се враќа на своето место по изјавата во текот на назначувањето на Антонио Гутереш за Генерален секретар на ООН. 13 октомври 2016, Њујорк, САД.

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Виталиј Чуркин се враќа на своето место по изјавата во текот на назначувањето на Антонио Гутереш за Генерален секретар на ООН. 13 октомври 2016, Њујорк, САД.

AP
Во Њујорк почина Виталиј Чуркин, постојаниот претставник на Русија во ООН.

Постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин почина еден ден пред својот 65 роденден во Њујорк. Веста за ова се појави на сајтот на МНР РФ. „Истакнатиот руски дипломат почина на работното место“, се вели во соопштението.

Министерството не ја открива причината за смртта. „Асошиејтед Прес“, повикувајќи се на заменикот на Чуркин Владимир Сафронков соопшти дека дипломатот ненадејно починал во Презвитеријанската болница, каде бил донесен од неговиот работен кабинет. „Њујорк Пост“ повикувајќи се на извори пишува за „проблеми со срцето“.

„Утре ќе наполнеше 65 години. Голем дипломат. Несекојдневна личност. Светол човек. Загубивме близок“, напиша портпаролот на МНР РФ Марија Захарова на „Фејсбук“. Неговиот прв замени во ООН Петар Иљичев истакна дека амбасадорот „целиот свој живот го посвети на заштита на интересите на Русија, се наоѓаше на најистурените линии и на најтензичните функции“.

Виталиј Чуркин се наоѓаше на функцијата постојан претставник од април 2006 година. Неговиот дипломатски пат почна веднаш по дипломирањето на МГИМО во 1972 од одделот за преведување, каде што тој работеше на преговорите за ограничување на стратешкото вооружување ОСВ-2 во Женева. Во 1992 година беше назначен за заменик-министер за надворешни работи на Русија. Од 1994 до 1998 година Виталиј Чуркин беше амбасадор на РФ во Белгија, од 1998 до 2003 – амбасадор во Канада.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.