Песков: Обвинувањата на Црна Гора на адреса на Русија се неодговорни

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков нагласи дека Москва не се мешала и нема намера да се меша во внатрешните работи на други држави.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ја нарече неодговорна изјавата на јавниот обвинител на Црна Гора Миливоје Катниќ за наводната вмешаност на руските државни структури во обидот за државен удар во републиката.

„Жалиме поради тоа ваквите обвинувања доаѓаат од официјални претставници. Ова се премногу сериозни зборови за да се изговорат и да не се поткрепат со каква било веродостојна информација. Тоа е во најмала мера неодговорно“, изјави портпаролот на претседателот на РФ во понеделникот пред новинарите.

На тој начин Песков ги коментираше зборовите на јавниот обвинител на Црна Гора Миливоје Катниќ дека руски државни органи наводно биле вмешани во обидот за државен удар за време на изборите во Црна Гора во октомври 2016 година.

Дмитриј Песков нагласи дека руските власти не се мешале, не се мешаат и немаат намера да се мешаат во внатрешните работи на други држави. „Особено на земјите како Црна Гора, со која, несомнено, нѐ врзуваат многу добри односи“, додаде портпаролот, пренесува „Известија“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња