Британски медиуми: Русија стои зад обидот за државен удар во Црна Гора

Зад обидот за атентат на поранешниот премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и организацијата на превратот во таа балканска земја стојат специјалните служби на Русија, тврди британскиот весник „Телеграф“ повикувајќи се на извори во владата на Обединетото Кралство.

Целта на заговорот, како што пишува изданието, била саботажа на планот за присоединување на Црна Гора кон НАТО. Припадници на руското разузнавање наводно неколку месеци го следеле Ѓукановиќ и подготвувале група српски националисти која требала да изврши атентат врз него.

Разузнавачките служби на САД и на Велика Британија, како што тврди весникот, собрале докази за вмешаноста во заговорот на високопоставени лица во Русија. „Се работи за заговор со цел поткопување на работата или соборување на владата. Невозможно е да замисли дека за тоа немало одобрение“, изјави извор на „Телеграф“ во британската влада.

Министерот за одбрана на Црна Гора Предраг Бошковиќ, според информациите на изданието, истакна дека „нема никакво сомневање“ дека во финансирањето и организацијата на обидот за државен удар наводно стои руското разузнавање. Истовремено, ниту тој, ниту весникот не наведуваат никакви докази.

Весникот исто така соопштува дека обидот за државен удар во Црна Гора бил дискутиран на првата средба на државниот секретар на САД Рекс Тилерсон и шефот на британската дипломатија Борис Џонсон, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња