Лавров: Русија сака да гради прагматични односи со САД

Потенцијалот на билатералната соработка меѓу Русија и САД е огромен, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во текот на настапот на Минхенската конференција за безбедност.

„Какви односи сакаме со САД? Односи на прагматизам, заемна почит, свест за особената одговорност за глобалната стабилност“, изјави министерот Лавров, пренесува RT.

Како што истакна Лавров, потенцијалот на билатералната соработка меѓу Русија и САД во политиката, економијата, хуманитарната сфера е огромен, сепак сѐ уште чека да биде реализиран.

„Ние сме отворени за тоа толку, колку што за тоа се подготвени САД“, додаде шефот на МНР РФ.

Покрај тоа, тој потенцираше дека „нашите земји никогаш не биле во директен конфликт, меѓу нив имаше многу повеќе пријателска историја отколку конфронтации“.

Претходно Сергеј Лавров изјави дека НАТО пактот остана институција на студената војна во современиот свет.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња