Трамп:Американските лажни вести ми пречат да воспоставам добри односи со РФ

Претседателот на САД Доналд Трамп со огромна радост би воспоставил добри односи со Русија, меѓутоа ги обвини новинарите дека токму нивните „ужасни лажни вести“ му пречат да ја достигне таа позитивна цел.

Претседателот на САД Доналд Трамп смета дека сѐ, што се пишува за него и за Русија се измислици.

На прес-конференцијата за новинарите Трамп изјави дека би било добро кога би успеал да воспостави добри односи со Русија, меѓутоа смета дека новинарите следниот ден ќе напишат дека тоа е ужасно, иако „Хилари Клинтон е таа која се обидуваше да ги ресетира односите со Русија и која ѝ даде на Русија 20 проценти од американскиот ураниум“.

Американскиот лидер изјави: „Ништо не сум правел за Русија, ништо не сум направил за Русија. Ако можеме да воспоставиме добри односи, тоа е позитивно нешто. Имаме еден многу талентиран човек, Рекс Тилерсон, кој во скоро време ќе се сретне со руската страна. И му реков: Знам дека од политичка гледна точка, тоа не е најдобрата опција за мене. Подобро што би можел да направам е да го гаѓам тој брод (рускиот разузнавачки брод „Виктор Леонов“ на ВМФ Русија, за кој американскиот медиуми пренесоа дека е забележан на 65 милји од американскиот брег – заб. на ред.) на 30 милји од нашиот брег. И тогаш сите во Америка би рекле: „Супер! Но, тоа не е така. Тоа не е супер! Јас го огромна радост би воспоставил добри односи со Русија... Меѓутоа, можно е и да не успеам да воспоставам добри односи со Путин.
Сосема е можно. Но би сакал да ви кажам дека сите тие ваши ужасни, лажни репортажи силно ја усложнуваат мојата задача да се договорам со Русија. Можно е, Путин, седејќи си на масата, да каже: „Знаете, гледам што се случува во САД, внимателно го следам тоа. Претседателот Трамп никогаш нема да успее да воспостави добри односи поради притисокот што го вршат врз него со таа лажна приказна“. Јасно?

И многу ми е жал, затоа што кога би успеале да воспоставиме добри односи со Русија и, патем кажано, со Кина и Јапонија – па и со сите, тоа би било позитивен, а никако негативен чекор“, изјави американскиот претседател, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.