Руски бомбардери Ту-95МС уништија цели на ИД кај Рака

Руски стратешки бомбардери Ту-95МС извршија воздушен напад со крстосувачки ракети Х-101 врз цели на „Исламската држава“ на подрачјето на Рака.

Министерството за одбрана на Русија објави видео од воздушните напади што ги извршија руските стратешки бомбардери Ту-95МС врз објекти на терористичката група „Исламска држава“ на подрачјето на сирискиот град Рака.

Се истакнува дека авионите полетале од територијата на Русија, ги прелетале Иран и Ирак и го извршиле нападот со крстосувачки ракети Х-101 врз објектите на ИД.

Цели на нападот беа кампови и центри за обука на милитантите, како и команден пункт на еден од поголемите одреди на ИД.

Авионите беа во придружба на ловци Су-30СМ и Су-35С, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња