„Ние секогаш кажувавме дека ослободувањето на окупираните територии на Донецката и Луганската област е наша колективна задача. И ние секогаш кажувавме дека е пожелно тоа да се направи со политички средства“, потсети Захарченко, додавајќи дека ако властите во Киев не го разбираат тоа, истото може да се постигне и со воени методи.
Лидерот на ДНР изјави дека ќе прави сѐ што може за своите земјаци. „На таа територија останаа нашите браќа и сестри. И оваа порака се однесува првенствено на нив - не сме ги заборавиле. Го паметиме својот долг пред Краматорск, ги паметиме стотиците и илјадниците измачувани луѓе, кои ги обвинија за сепаратизам и тероризам“, изјави Захарченко. Плотницки го поддржа својот колега, изјавувајќи дека „никогаш не сме ги сметале и нема да ги сметаме привремено окупираните територии како загубени краеви за нас. Тоа е нашата родна земја, тоа се нашите драги луѓе и засега привремено се наоѓаат под окупација на фашистичка Украина“.
Според Захарченко, ова ќе ги натера светските лидери, а особено Европа, да се замислат и за три-четири дена да решат нешто.
Кремљ реагираше преку својот портпарол Дмитриј Песков, објаснувајќи ги изјавите на Захарченко и на Плотницки со емоции. „Тоа е, за жал, емоционалната позадина што ја придружува тензијата која ние, за жал, ја констатираме на линијата на разграничувањето“, посочи Песков, додавајќи дека „таквите изјави - тие не се во насока на „Минската спогодба“, пренесува „Комерсант“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче