Би-Би-Си прикажа филм за страшните руски фудбалски хулигани

Британскиот ТВ-канал Би-Би-Си прикажа филм за руските фудбалски хулигани насловен како „Армија руски хулигани“.

Во филмот се слуша предупредување до Британците дека Русите се подготвуваат за судири со нив на Светското фудбалско првенство кое ќе се одржи во 2018 година.

Руските навивачи во филмот признаваат дека британските „фирми“ од 1970-1980-те години станале пример за нив, а Британците – главна цел, пренесува „Взгљад“.

Амбасадата на Русија во Лондон изјави дека „телевизискиот канал спонзориран од британската влада“ се обидел да го дискредитира Светското првенство кое ќе се одржи во Русија. Дипломатската мисија истакна дека обиди за дискредитација на натпреварувањето биле преземани и пред Олимпијадата во Сочи.

Според мислењето на амбасадата, со шокантниот филм Би-Би-Си сака да ги заплаши Британците и да ги одврати од нивното патување за Русија.

Москва потенцира дека на безбедносните прашања во Русија „им се придава првостопено значење“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња