Меккејн им се исповеда на руски пранкери

Во разговорот со пранкерите Владимир Кузнецов (Вован) и Алексеј Стољаров (Лексус), американскиот сенатор Џон Меккејн им призна дека прави сѐ за зачувување на антируските санкции.

Според американскиот сенатор Џон Меккејн, по стапувањето на Доналд Трамп на должноста претседател на САД, во американскиот Сенат настапиле тешки времиња.

„Воодушевен сум што по разговорот со Путин немаше коментари за санкциите. Но сепак, пријателе, не можам ништо да претскажам. Мислам дека Тилерсон (државниот секретар на САД), иако беше пријател со Путин едно време, треба да биде многу претпазлив поради процесот на неговото назначување. Мислам дека ќе биде многу претпазлив. Исто така знам дека генералот Матис (шефот на Пентагон) е за санкции, и тој е многу влијателен, како што знаете“, изјави Меккејн.

„Пријателе, нема да престанам да работам, ќе правам сѐ што можам. Ми беше мило да ги предвидам дејствијата на Трамп. А тоа, што тој по стапувањето на функцијата не кажа ништо по повод санкциите, ни дава мал повод за оптимизам. Но, ова се најтешките времиња додека сум тука“, изјави американскиот сенатор по повод санкциите против РФ.

Претходно пранкерите Алексеј Стољаров и Владимир Кузнецов потврдија дека успеале да се пошегуваат со американски сенатори, познати по своите антируски изјави. Вован и Лексус успеаја да добијат искрени изјави за санкциите против Русија од сенаторите Џон Меккејн и Линдзи Греем, пренесува „Лајф“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња