Министерството за одбрана на Русија објави снимки од најновиот ловец Су-35

Авионот може да носи широк спектар на наведувано оружје, наменето за борба во воздух, како за напад на копнени и поморски цели без да навлегува во зоната за противвоздушна одбрана.

Министерството за одбрана на Русија објави на социјалните мрежи и на каналот „Јутјуб“ видео со ловецот Су-35 кој влегува во состав на вооружувањето на Воздушно-космичките сили на Руската Федерација.

Во декември 2016 година четири авиони стапија на борбена должност во Карелија за заштита на воздушните граници на северозападна Русија. Пролетта 2016 година со ескадрила од борбени Су-35 беше комплетиран авиополкот во Приморје.

За прв пат на борбена должност ловците Су-35 стапија на крајот на 2015 година во Хабаровскиот крај, заменувајќи ги застарените Су-27СМ.

На 1 февруари 2016 ловците почнаа со извршување борбени мисии во Сирија. Авионите во парови имаа нон-стоп дежурство во воздухопловната база „Хмејмим“.

Су-35С е мултифункционален ловец од генерацијата „4 ++“ за одржување на надмоќ во воздухот.

За разлика од неговите претходници, авионот доби ново крило, нов систем за управување, мотор со зголемен притисок и систем за управување со векторот на притисок, напреден дигитален информациско-управувачки систем, радар со активна фазна решетка со голем опсег на откривање и способност за следење на повеќе цели, пишува ТАСС.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња