„Не читајте утрински весници. Ова не е моја фраза, доколку се сеќавате. Затоа ајде да не им веруваме на соопштенијата на весниците, зашто е многу сложено сега да се разликуваат „патките“, вистинското од фалсификуваното“, изјави Песков, одговарајќи на соодветното прашање, пренесува РИА „Новости“.
Тој додаде дека „таму се повикуваат на пет различни извори, но ниту еден од нив не е наведен“.
„Веројатно има некаква информација кои се тие луѓе. Веројатно, ќе дојде време, некој ќе каже за ова отворено. Ајде да го почекаме тоа време и да не ѝ веруваме на таква обезличена информација. Тоа е апсолутно напис во весник, кој не се базира врз никакви факти и кој не наведува никакви конкретни факти“, истакна тој.
Неименувани американски функционери претходно изјавија за „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на информациите за прислушувани телефонски разговори, дека членовите на тимот во текот на претседателската кампања на Доналд Трамп наводно повеќе пати контактирале со високи припадници на руското разузнавање во 2016 година пред изборите во САД.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче