Захарова и Пушков коментираа разговор на сенаторка од САД со руски пранкери

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова иронично коментираше околу телефонскиот разговор на руските пранкери Вован и Лексус со членот на Конгресот од Демократската партија на САД Максин Вотерс за мешањето на Русија во внатрешните работи на Лимпопо. А рускиот сенатор Алексеј Пушков се потсети на непознавањето на Буш Помладиот и Сара Пејлин.

„Претседателот ОфБоли од земјата Лимпопо... Руските сказни стануваат вистина. Господе, не напуштај ја Америка!“, напиша Захарова на својата страница на „Фејсбук“.

Рускиот сенатор Алексеј Пушков, кој исто така го коментираше разговорот на пранкерите со конгресменката на САД, напиша на „Твитер“ дека на местото на Вотерс можел да биде Џорџ Буш Поладиот, кој ги грешеше Австрија и Австралија, или пак уште една американска политичарка, Сара Пејлин, која ги грешеше Ирак и Иран.  

Во понеделникот пранкерите Владимир Кузнецов (Вован) и Алексеј Стољаров (Лексус) соопштија дека од името на премиерот на Украина Владимир Гројсман имале разговор со Максин Вотерс, раскажувајќи ѝ дека руските хакери интервенирале во избирачкиот систем на Лимпопо.

„Го пробија системот за избори во Лимпопо и го воспоставија режимот на нивната марионета Офболи“, изјави пранкерот во разговорот со конгресменката, пренесува „Взгљад“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња