САД префрлија во Германија 49 воени хеликоптери во рамките на операцијата на НАТО „Атлантска решителност“, чија цел е да ѝ опонираат на Русија, соопшти прес-службата на Пентагон.
Хеликоптерите UH-60 „Црн сокол“ и CH-47F „Чинук“ од составот на 10 воздушна бригада на Копнените сили на САД беа доставени во германското пристаниште Бремерхавен по море. Исто така во Германија се префрлени и камиони и друга помошна опрема. Уште 20 возила треба да пристигнат следната недела. Вкупниот број на војници ќе изнесува 2 илјади души.
Техниката и војниците ќе бидат распоредени на ротациона основа во базите во Германија и земјите на Источна Европа согласно планот за операцијата која НАТО ја спроведува „во светлото на руската инвазија на Украина“.
Претходно САД во рамките на операцијата префрлија во Источна Европа 87 тенкови М1 „Абрамс“, 144 оклопни возила M2 „Бредли“, 18 самоодни хаубици M109 „Паладин“ и четири илјади војници.
Руското МНР истакна дека американската воздушна бригада првпат по крајот на студената војна ќе се појави во Европа и дека ситуацијата „воопшто не е блажена“ за Русија, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче