Американски официјални лица сметаат дека Русија тајно распоредила крстосувачка ракета која го прекршува договорот за ракетите со среден и мал дострел, пишува „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на извори во администрацијата на САД.
Како што истакнува изданието, се работи за ракета која била тестирана во 2014 година за време на администрацијата на Барак Обама. Тогаш САД ја обвинија Русија за прекршување на Договорот за РСМД, меѓутоа руската страна одговори дека Вашингтон не презентирал доволно информации за каква всушност ракета станува збор.
„Њујорк Тајмс“ истакнува дека Русија во моментов наводно има два дивизиони со такви ракети. Едниот, според нивните информации, е распореден на полигонот Капустин Јар. Вториот на крајот на 2016 година бил преместен на друго место со можност да биде применет.
Изданието соопштува дека американските официјални лица ја нарекувале ракетата SSC-X-8, но во новите извештаи буквата X повеќе не се користи. Тоа кажува дека, според американското разузнавање, тие ракети веќе се наоѓаат во работна состојба, а не во фаза на разработка, пренесува „Интерфакс“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче