Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков ги коментираше обвинувањата на западните политичари упатени на адреса на ТВ-каналот RT и агенцијата „Спутник“.
„Ни ласка што слушаме дека руските медиуми се популарни, тоа е голем плус. И, веројатно, тоа е голема заслуга на редакциските тимови во тие медиуми“, изјави Песков.
Според него, медиумскиот пазар е конкуренција, и доколку руските медиуми победуваат во таа конкуренција, тие заслужуваат само аплауз.
„Да се зборува дека нашите медиуми се обидуваат некаде да извршат влијание врз јавното мислење е апсолутно апсурдно“, потенцира портпаролот на Кремљ.
Претходно Ришар Ферар, сопартиец на кандидатот за претседател на Франција Емануел Макрон и генерален секретар на движењето „Напред“, ги обвини RT и „Спутник“ дека влијаат на францускиот „демократски живот“, без притоа да изнесе какви било докази, пренесува RТ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче