Одговарајќи на прашањето за тоа дали Кремљ чувствува „лавина од информации“ врз претседателот на РФ во медиумите, Песков предложи да се дефинира зборот „лавина“, пренесува „Взгљад“.
Притоа тој потврди дека „одвреме-навреме жестока, сосема хистерична антипутинска кампања овде-онде се манифестира во различни земји во странство“.
Песков потсети дека Путин конструктивно се однесува кон критиките на своја адреса, но нема да прифати материјали кои содржат лични навреди.
„Законодавството предвидува пакет активности кои овозможуваат да се заштити честа и достоинството на секој граѓанин, вклучувајќи го и претседателот. Што се однесува до персонификацијата на функцијата претседател во врска со ова, потребно е сериозно да се работи на ова прашање, да се проучи“, изјави Песков.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче