„Наградата за фотографијата од убиството на Карлов има „морална црвоточина“

Сенаторот Алексеј Пушков се сомнева во исправноста на одлуката да се додели наградата за најдобра фотографија на конкурсот World Press Photo за снимката ода убиството на рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов.

„Имам чувство дека во главната награда на World Press Photo за фотографијата од убиството на Андреј Карлов има морална црвоточина, независно од тоа како ја објаснуваат таа награда“, напиша Пушков на „Твитер“.

Дописникот на агенцијата „Асошиејтед Прес“ победи на конкурсот World Press Photo-2017 со фотографијата од убиениот Карлов и неговиот убиец кој мавта со пиштолот. Првиот човек на жирито Стјуарт Френклин ја нарече снимката на фотографот Бурхан Озбилиџ „неверојатно жестока новинска фотографија“.

Амбасадорот на РФ во Турција Андреј Карлов беше убиен на 19 декември во текот на отворањето на изложбата на фотографии во Анкара. Убиецот Мевлут Мерт Алтинташ беше ликвидиран од турските сили за безбедност. Руското МНР го нарече настанот терористички акт, пишува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.