Лондон ќе издвои за Украина и Балтикот 700 милиони фунти за борба со Русија

Велика Британија ќе финансира проекти во Украина и балтичките земји за зајакнување на нивните можности за спротивставување на Русија.

МНР Велика Британија ќе издвои 700 милиони фунти за проекти во Украина и во балтичките земји, за да се зајакне нивната способност да ѝ се спротивстават на Русија, пишува весникот „Сан“.

„Средствата кои ќе бидат издвоени од буџетот за програмите за меѓународна помош, исто така можат да бидат искористени на Блискиот Исток со цел борба против екстремизмот“, додава изданието.

Портпаролот на британскиот Форин офис го потврди создавањето на таков фонд.

„Деталите за тоа ќе бидат презентирани во парламентот согласно процедурата“, додаде таа.

Од своја страна портпаролот на владата ниту ја потврди ниту ја негираше распределбата на средствата, препорачувајќи да се побараат коментари од Министерството за надворешни работи.

Советници од Велика Британија веќе го советуваат Киев во врска со реформата на армијата, исто така Лондон реализира програма за помош на вооружените сили на Украина. На крајот на минатата година програмата за обука на украинската војска беше продолжена за уште една година, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња