Алтернатива на испораките на јаглен од Донбас може да биде само снабдувањето со јаглен или гас од Русија, изјави министерот за енергетика и индустрија за јаглен на Украина Игор Насалик, пренесува „Росијскаја газета“.
Според министерот, Киев во моментов нема можност за купување на јаглен од Јужна Африка, бидејќи испораките од Јужна Африка се договорени сѐ до април.
„Остануваат само две опции: или увоз од Русија, или рускиот гас за енергетските блокови на гас и мазут – тие две алтернативи“, истакна Насалик.
Министерството за енергетика на Украина веќе има подготвено нацрт-закон за воведување на вонредна состојба во енергетскиот сектор поради недостаток на јаглен-антрацит. Претходно јагленот беше испорачуван од Донбас, каде останаа големите големи рудници за јаглен во Украина, меѓутоа во декември 2016 година украинските безбедносни сили го блокираа железничкиот сообраќај со ДНР и ЛНР.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче