Русија го порамни советскиот долг кон Македонија

Министерството за финансии на Русија соопшти дека го порамнила долгот од 60,6 милиони долари кон Македонија кој произлегуваше од обврските на поранешниот СССР.

Долгот во износ од 60,6 милиони долари е регулиран со меѓувладина спогодба за пресметки поврзана со прометот меѓу поранешниот СССР и поранешната република-членка на Југославија. Спогодбата беше потпишана на 19 јуни 2010 година, соопшти Министерството за финансии на Русија на својот сајт.

Се истакнува дека според спогодбата Русија го сервисираше овој долг со испорака на индустриски производи и услуги.

Последна земја од кредиторите на СССР, спрема која сѐ уште не се регулирани долговите, е Босна и Херцеговина. Со неа минатата година исто така беше постигнат првичен договор за регулирање на долгот: на 22 февруари премиерот Дмитриј Медведев потпиша указ според кој Москва ќе ѝ исплати на Босна и Херцеговина 15 милиони долари, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.