Мартин, на пример, изјави за пораст на бројот на сајбер-напади врз „незаштитени цели“, како што се локалните совети, добротворни организации и универзитети. Целта на ваквите напади, според него, е да се украдат лични и истражувачки податоци, пишува „Сандеј Тајмс“.
Тој тврди дека секој месец во Велика Британија се евидентираат околу 60 сериозни сајбер-напади. Меѓу нив има и обиди за крадење на податоци за надворешната политика и одбраната, додава Мартин.
Тој исто така изјави дека сајбер-нападите се вршат врз компании и дека целта на нападите е кражба на интелектуална сопственост.
„Во текот на изминатите две години имаше значајна промена во руските напади во сајбер-просторот“, изјави Мартин.
Според него, во последниве три месеци биле регистрирани 188 хакерски напади „од втора и трета категорија“, „од кои повеќето претставуваа закана за националната безбедност“.
Поранешната администрација на Белата куќа повеќе пат изјави за руска вмешаност во хакерски напади во текот на предизборната кампања во САД. По неа за наводни сајбер-напади организирани од Русија соопштија и Германија, Велика Британија, Норвешка и други земји, пренесува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче