Амбасадорот Шчербак: Русија никому ништо не наметнува

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија О.Н Шчербак на одбележувањето на Денот на дипломатите. 10 февруари 2017, Битола.

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија О.Н Шчербак на одбележувањето на Денот на дипломатите. 10 февруари 2017, Битола.

Амбасада на Руската Федерација
Руската Федерација се залага за поддршка на безбедноста и стабилноста на Република Македонија како независна, суверена и територијално целосна држава.

На 10 февруари во Битола во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Република Македонија во Битола се одбележа Денот на дипломатите со полагање цвеќе на споменикот „Руски крст“.

Покрај претставници на руската амбасада и почесните конзулати во Битола и Охрид, присуствуваа и претставници на државните и локалните власти, претставници на конзулатите на други држави и претставници на македонскиот и рускиот бизнис сектор.

Говорејќи пред присутните, амбасадорот на Русија О.Н. Шчербак ги напомена принципите на руската надворешна политика спрема сите земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија: „Русија никому ништо не наметнува, никого не подучува како да живее, не се бори да се здобие со поволности само за себе“.

Амбасадорот истакна „ дека дијалогот меѓу Руската Федерација и Република Македонија се карактеризира со стабилно партнерство и повеќевековно пријателство.  Ние ја потврдуваме подготвеноста за сестран развој на рамноправна и заемно корисна соработка со македонската страна врз основа на принципите на меѓусебно почитување и немешање во внатрешните работи на едни со други и сме подготвени да го правиме тоа толку длабоко и широко колку што се подготвени за тоа раководството и народот на Македонија“.

Претходно амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија се огласи со соопштение во кое се потенцира „залагањето на Руската Федерација за поддршка на безбедноста и стабилноста на Република Македонија како независна, суверена и територијално целосна држава.

„Убедени сме дека излезот од тешката внатрешнополитичка криза што ја зафати Република Македонија може да биде најдена исклучително во рамките на постојното уставно поле на земјата, врз основа на општоприфатени во демократското општество норми. Сите обиди за мешање во тој процес однадвор, наметнување на едни или други решенија против волјата на народот на Македонија се крајно опасни и треба да наидат на отпор од страна на меѓународната заедница. Принципите на суверената еднаквост на државите, немешањето во внатрешните работи на други земји имаат универзален карактер и нивното непочитување претставува грубо кршење на нормите на меѓународното право.

Извор: Амбасада на Руската ФедерацијаИзвор: Амбасада на Руската Федерација

Решително ги осудуваме обидите на надворешните сили да го искористат факторот на сложените меѓуетнички односи за сопствени конјунктурни цели. Таквите ризични дејствија не само што не придонесуваат за барање на решенија за постојните политички противречности, туку и се крајно опасни за државите, им нанесуваат сериозна штета на основните интереси на Република Македонија, на интересите на соработката и стабилноста во регионот“.

Интегралниот текст на говорот на амбасадорот Шчербак можете да го прочитате овде.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.