Путин изрази подготвеност да се сретне со Трамп во Љубљана

Претседателот на РФ Владимир Путин е подготвен за средба со претседателот на САД Доналд Трамп, меѓу другото и во главниот град на Словенија – Љубљана.

„Би сакал да се заблагодарам за подготвеноста на Словенија да организира таква средба. Ние сме подготвени за тоа“, изјави Путин на прес-конференцијата по разговорите со словенечкиот претседател Борут Пахор.

Претходно словенечката страна предложи да помогне во организацијата на нејзина територија на првиот состанок на претседателите на Русија и САД.

„Што се однесува до Љубљана, Словенија во целина, се разбира, тоа е одлично место за да водат дијалози од таков вид. Но, тоа не зависи само од нас, туку од голем број на околности, тековни работи“, рече Путин, пренесува „Интерфакс“.

.Како што потенцираше рускиот претседател, „доколку некогаш се одржат овие средби, ние немаме ништо против Љубљана, такви (руско-американски) средби веќе имавме во Љубљана“.

Тој му се заблагодари на Пахор за подготвеноста на Словенија да организира таква средба.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.