Еден ден претходно Могерини одржа низа средби во Белата куќа и Стејт департментот, вклучително и со државниот секретар на САД Рекс Тилерсон.
Според неа, страните се договориле за задржување на санкциите до спроведувањето на „Минската спогодба“.
„Но, јас не знам дали тоа ќе продолжи да биде заеднички став. Како што не вие не бевте на моите состаноци, така и јас не бев во Овалната соба, каде што претседателот Трамп му се јави на претседателот Путин“, додаде Могерини, зборувајќи во Вашингтон.
Таа истакна дека го смета тоа прашање за важно не само за Европејците. „Мислам дека ова е клучно прашање и за Конгресот (на САД)“, изјави шефицата на дипломатијата на ЕУ.
Притоа, таа потенцира дека „Европејците и понатаму ќе бидат обединети во однос на ова“.
„Не знам дали Американците ќе заземаат единствен став во однос на ова, но ние ќе заземаме“, вети Могерини, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче