„Лајф“:Погребот на Гиви потврдува дека Донбас нема да ѝ се врати на Украина

ДНР ја сочинуваат граѓани кои го почитуваат своите херои, кои ги познаваат своите загинати, кои точно сфаќаат за што ги дадоа своите животи тие луѓе, пишува аналитичарот Андреј Бабицки.

Десетиците илјади луѓе кои дојдоа на погребот на Гиви јасно сведочат за тоа дека ДНР ја сочинуваат граѓани кои го почитуваат своите херои, кои ги познаваат своите загинати, кои точно сфаќаат за што ги дадоа своите животи тие луѓе, пишува аналитичарот Андреј Бабицки за „Лајф“.

„Една украинска политичарка, откако виде фотографија со илјадниците жители на Донбас кои пред неколку месеци за последен пат се збогуваа со Моторола, реагираше, според моето мислење, на вистински начин. Таа рече нешто слично на ова: „Погледнете ги тие луѓе! За каква реинтеграција на Донбас зборувате?” Тоа е многу точна забелешка.

Кога денес се пишува по социјалните мрежи дека Гиви е убиен со цел Донецк и Луганск да се вратат под контрола на Киев, посакувам да прашам: „Дали навистина мислите дека овие илјадници луѓе кои тагуваат по некого кого во Украина го мразат е можно да се вратат кому било и каде било? Како планирате да го изведете тоа? И, пред сѐ, како планирате да живеете покрај оние за кои ваш непријател е човек кој ја брани нивната сегашност, кој во борбата ја кове нивната иднина? Тоа се за вас исто толку непријатели колку и тој. И вие сте за нив исто така непријатели“.

Бабицки смета дека е невозможно ДНР и ЛНР да останат во украинските граници и дека таа идеја треба да се заборави.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња