За средбата на Порошенко со Ципрас на „Твитер“ соопшти портпаролот на шефот на украинската држава Свјатослав Цеголко.
Покрај другите прашања, страните разговараа за санкциите на ЕУ против Русија.
„Украина смета на Грција во прашањето на санкциите против Русија“, напиша Цеголко.
Исто така, во текот на средбата Порошенко изјави дека во најскоро време ќе ги посети САД.
„Се одржа многу продуктивен, многу конструктивен, многу пријателски телефонски разговор меѓу мене и претседателот Трамп. Дискутиравме за широк круг прашања на нашата соработка, вклучително и руската агресија на истокот на нашата држава, нелегалната анексија на Крим и координацијата на нашите дејствија во таа насока. Се договоривме во најскоро време да се реализира моја посета на САД и за техничката подготовка на таа посета исто така се договоривме министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин да го посети Вашингтон и да ги одржи неопходните преговори по тој повод“, резимираше Порошенко, пренесува порталот „Шариј.нет“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче