Москва демантира примена на системите „Точка-У“ во Сирија

РФ во целост ги исполнува обврските за обезбедување на режимот на прекин на борбените дејствија во Сирија, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков.

Портпаролот на Министерството за одбрана Русија генерал-мајор Игор Конашенков негира дека се употребени системи „Точка-У“ во сириската провинција Идлиб.

„Руската Федерација целосно ги спроведува преземените на 30 декември 2016 година обврски за обезбедување прекин на режимот на прекин на борбените дејствија на територијата на Сирија, кој не важи за меѓународните терористички групи ИДИЛ и „Џебхат ан-Нусра“. Заедничка руско-турска комисија врши деноноќен мониторинг на прекршувањата на режимот на прекин на борбените дејствија. Секојдневно сите фактички податоци за таквите нарушувања како од страна на сириските војници, така и од страна на вооружената опозиција се регистрираат, прецизираат и се објавуваат на сајтот на Министерството за одбрана на Русија“, соопшти Конашенков, пренесува ТАСС.

„Никаква информација за наводно извршени напади со ракети „Точка-У“ во текот на оваа недела врз формациите на сириската опозиција во Идлиб не е регистрирана ниту од руска, ниту од турска страна“, потенцираше тој.

Претходно портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков соопшти дека нема информација за тоа дека Русија испорачала во Сирија ракети „Точка-У“, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.