Информациите во некои американски медиуми дека Кремљ подготвува договор за Украина со новата администрација на САД не соодветствуваат на реалноста, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, пренесува „Лента.ру“.
„Невозможно е внатрешниот украински конфликт да може да биде предмет на некаков договор. Оваа информација на ниеден начин не соодветствува на реалноста“, изјави Песков.
Портпаролот на Кремљ, исто така, истакна дека „предмет на договор не може да биде судбината на луѓето кои живеат во Донбас и кои сега де факто се отфрлени од својата сопствена држава“.
Во исто време, според Песков, Москва се надева дека Вашингтон „на еден или друг начин ќе го искористи своето влијание за сепак да го убеди Киев да ги исполни преземените обврски во однос на спроведувањето на „Минската спогодба“ и да се откаже од агресивната тактика во решавањето на овој проблем која ја видовме последниве денови“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче