Новинарот на „Комсомолскаја правда“ Александар Коц пишува дека Донецк е преплавен со билборди со ликот на убиениот командант Михаил Толстих-Гиви, на ист начин како што беше случајот со Арсениј Павлов Моторола, со кого Гиви другаруваше и го сметаше за пример.
Комеморацијата ќе биде одржана во Донецкиот театар на опера и балет. Сите кои сакаат да се збогуваат со командантот на „Сомалија“ ќе можат да го сторат тоа во периодот од 10 до 12 часот.
Коц потсетува дека на комеморацијата на Моторола имало многу народ кој не можел да влезе внатре, па ковчегот на лафет беше испратен со долги аплаузи на донецките улици.
И Моторола и Гиви имаа углед кој не може да се одрече. Заедно ги минаа најстрашните фази на војната. И да не беа пријатели, тие би можеле да бидат ривали поради големата популарност која ја уживаа, пишува авторот, наведувајќи дека борците на баталјонот „Сомалија“ се обратиле до командата со иницијатива Гиви да биде погребан до Моторола, сметајќи дека „заедно треба и да се упокојат“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче