Бизнисменот и поранешен член на рускиот парламент Баков со години бара место каде што ќе може да ја реализира својата идеја. Претходно сериозно размислувал за Црна Гора и за Куковите Острови, а во 2015 година му бил понуден план за инвестиции на островите Кирибати.
На островите Молден, Старбак и Милениум Баков сака да создаде „алтернативна Русија“ и да ја изгради потребната инфраструктура за бизнис и туризам, пишува „Гардијан“. Реализацијата на проектот ќе трае од 10 до 15 години.
„Островите Кирибати нѐ привлекоа со прекрасната клима, големите ненаселени острови и малобројното население кое, очигледно, ќе има корист од нашата финансиска помош“, објасни Баков.
Како што велат од владата на островите Кирибати, островите се ненаселени и неразвиени, а понудата на бизнисменот ќе биде најголемата инвестиција од досега предложените. Се очекува претседателот на островската земја Танет Маамау да донесе одлука до крајот на февруари.
И покрај тоа што островите треба да послужат за основање на новата империја на Романови, Баков не очекува миграција на руски граѓани, пишува „Гардијан“. Островите се далеку од Русија, а екваторијалната клима „не им одговара многу“ на нејзините жители. Сепак, бизнисменот смета на инвестиции од Русија, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче