Путин и Меркел загрижени поради заострувањето на конфликтот во Донбас

Претседателот на Русија Владимир Путин и канцеларката на Германија Ангела Меркел во телефонски разговор дискутираа за заострувањето на ситуацијата во Донбас.

„Се одржа телефонски разговор на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин со сојузниот канцелар на Германија Ангела Меркел. Беше дискутирана ситуацијата на југоистокот на Украина, која нагло се заостри последниве денови поради провокативните дејствија на украинската страна“, се вели во соопштението на Кремљ.

Се истакнува дека во текот на разговорот Путин и Меркел се изјасниле за итна обнова на режимот на прекин на огнот.

Лидерите исто така се договорија да ги зголемат дипломатските напори со цел да се помогне за мирно регулирање на украинската криза.

Претходно министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин изјави дека е можно да се прогласи вонредна состојба во случај на понатамошно заострување на ситуацијата во Донбас, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња