Новинарот на „Фокс Њуз“ нема намера да се извини за навредата на Путин

Новинарот на телевизијата „Фокс Њуз“ Бил О'Рајли, кој во интервјуто со Доналд Трамп го навреди рускиот претседател, изјави дека не планира да се извини пред 2023 година.

Новинарот на американскиот ТВ-канал „Фокс Њуз“ Бил О'Рајли, кој го навреди претседателот на Русија Владимир Путин нарекувајќи го „убиец“, изјави дека нема намера да се извини за навредата.

„Работам на тоа извинување, но би можело да потрае. Можеби би можеле да проверите некаде околу 2023 година“, изјави О'Рајли во својата емисија.

Кремљ, од друга страна, соопшти дека ќе го почека извинувањето на новинарот до 2023 година.

„Со тој џентлмен имаме различни поимања за добар тон и правила на воспитување. Како прво. Но ние сме многу добри и трпеливи. Ќе го обележиме календарот за 23 година и ќе му се вратиме со тоа прашање“, изјави Песков.

Портпаролот на Кремљ исто така прецизираше дека Москва не го смета настанот за инцидент. „Тоа е неудобна ситуација за „Фокс Њуз“, потенцираше Песков, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.