Германските тајни служби не најдоа докази за руска информативна кампања

Русија не води планирана информативна кампања против германската влада, тајните служби на Германија не успеаја да најдат докази што ќе го потврдат спротивното, пишува „Зидојче Цајтунг“.

Истрагата се вршеше по налог на владата на Германија. Извештајот беше подготвен од експерти на Федералната служба за разузнавање (БНД) и Федералната канцеларија за заштита на Уставот (БФФ, контраразузнавање). Истрагата траеше речиси една година, пишува „Зидојче Цајтунг“.

Изворите на изданието укажуваат на тоа дека, доколку се најделе какви било докази за планирана информативна кампања што Русија ја спроведува против Русија, Берлин не би молчел, туку би ѝ покажал на Москва „жолт картон“ и би изјавил за недопустливоста на таквите дејствија. Сепак, поради фактот што не биле најдени докази, објавувањето на извештајот од 50 страници нема никаква смисла.

Изданието истакнува дека во центарот на вниманието на тајните служби бил, на пример, „случајот со девојчето Лиза“ – 13-годишна ученичка, за која во јануари 2016 година известуваше „Првиот канал“ на руската телевизија. Тогаш беше соопштено за насилни дејствија од страна на мигрантите врз ученичката и ширум Германија започнаа протести против миграциската политика на Ангела Меркел. Сепак специјалните служби не утврдиле финансирање на таа кампања од страна на Русија.

Покрај тоа, тие не успеале да најдат докази дека Русија ги финансира десничарските партии, како и за сајбер-напади врз компјутери на германски пратеници.

„Може да се изведат два заклучока: или кампањата претпоставената кампања (од страна на Москва) воопшти не постои, или руските специјални служби се толку итри што не им дозволуваат на Германците да им дојдат до трагата“, пишува весникот.

И покрај тоа, владата на Германија наложила да продолжи работата за утврдување на обиди за влијание врз политичката ситуација во земјата. Со таа цел специјалните служби се договориле за соработка со колегите од Холандија и Франција. Берлин претпоставува дека Москва има намера „да постигне несогласување во ЕУ и Германија и со самото тоа да ги ослаби нивните позиции“, пишува изданието, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња