Во Виена приведени 22 лица од Чеченија

22 лица по потекло од Чеченија уапси виенската полиција.

Во Виена под сомневање за тероризам се уапсени 22 лица од Чеченија, соопшти во саботата, 4 февруари, весникот „Клајне Цајтунг“ повикувајќи се на австриската полиција.

Операцијата за апсење беше спроведена во петокот вечерта на Дунавскиот остров (Donauinsel). Според „Кронен Цајтунг“, сигналот до органите за спроведување на законот стигнал околу 20:45 по локално време. На островот била забележана сомнителни група од околу 30 мажи. Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, групата веднаш се поделила на неколку групички. Пет мажи во разговор со полицијата тврделе дека тие само шетале по некоја прослава.

Потоа полициските службеници повикале за засилување двајца полициски службеници и претставници на виенската анти-терористичка група ВЕГА (WEGA). Wega. Во текот на проверката на околината, биле пронајдени скриени во снегот пиштол, автомат и многу муниција. 22 лица по потекло од Чеченија, на возраст од 25 до 47 години, се уапсени. Во тек е разјаснување на околностите, пренесува „Лента.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња