На границата меѓу Латвија и Русија изградена ограда долга 23 километри

На границата на Латвија и Русија е изградена ограда во должина од 23 километри со цел спречување на илегални преминување на границата од страна на имигранти, изјави портпаролот на Државната погранична служба на Латвија Евгенија Позњак.

„Работите за изградба на оградата се почнати во 2015 година и се планира да бидат завршени до 2019 година. Во моментов на границата е опремен пограничниот појас во должина од 65 км, и е поставена и ограда во должина од  23 километри“, изјави Позњак, пренесува РИА „Новости“.

За 2017 година за уредување на границата се издвоени 6,3 милиони евра, со кои се планира да се опреми граничниот појас во должина од 150 км и да се изгради 60 км ограда, соопшти Позњак.

Минималната висина на оградата изнесува 2,7 метри, вклучувајќи ја и бодликавата жица.

Вкупната должина на латвиско-руската граница изнесува 276 километри, од кои со ограда ќе бидат опремени 193 км – оние делови каде нема природни пречки, соопштува интернет-порталот „Делфи“. Вкупните трошоци за изградба на оградата се планира да изнесуваат 17 милиони евра.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.