Фалон:Земјите од НАТО треба активно да ѝ се спротивстават на руската закана

Британскиот министер за одбрана изјави дека Москва ја користи дезинформацијата како оружје со цел поткопување на демократските процеси, пишува „Гардијан“. Според мислењето на политичарот, земјите-членки на НАТО треба поактивно да ѝ се спротивставуваат на „руската закана“.

Министерот за одбрана на Велика Британија Мајкл Фалон изјави дека земјите-членки на НАТО треба поактивно да дејствуваат во сферата на сајбер-безбедноста, затоа што хакерските напади од страна на Русија создаваат опасност за демократиите во САД и Западна Европа.

Министерот изјави дека Русија врши субверзивни активности во САД, Франција, Германија, Холандија, Бугарија и Црна Гора - земја која се подготвува оваа година да стане полноправна членка на НАТО.

Фалон ја обвини Русија дека во голема мера благодарение на нејзините напори врз луѓето денес има таков поток на лага. „Ние си имаме работа со земја која ја претвори дезинформацијата во оружје, и како резултат на тоа, денес се наоѓаме во таква ситуација, која се нарекува доба на пост-вистина“ – со други зборови, објективна вистина во наше време никого не интересира. Ваквите активности се вршат, меѓу другото, и со употреба на сајбер-оружје, со кое нашите противници се обидуваат да ги исфрлат од строј најважните објекти на инфраструктура и да ги поткопаат демократските процеси во нашите земји“, изјави Фалон во интервју за „Гардијан“.

Фалон се согласува со претседателот на САД за неопходноста од дијалог со Русија и сета дека и Велика Британија треба да го прави тоа, вклучително и по линија на воените ресори.

Сепак, тој смета дека Русија ја тестира издржливоста на НАТО и Западот со своите активности во сајбер-просторот. Русија се обидува да ја поткопа националната безбедност на многу сојузници и да го урне постојниот светски поредок. „Затоа и Велика Британија и Европа се заинтересирани НАТО да остане силно и да продолжи да ја игра својата улога на одвраќање, принудувајќи ја Русија да се воздржи од такви активности“.

Покрај тоа, Фалон ги обвини руските власти и за постојано лажење. Исто така, тој смета дека Западот не треба да остане мирен на руската пропаганда. 

„Како еден од возвратните чекори НАТО и Западот треба да ги активизираат напорите за борба против лажната реалност кој Русија ја создава со помош на дезинформацијата од советски тип. Независно од тоа, потребно е спротивставување на путинската „Правда“ преку објавување веродостојни информации“.

Исто така, треба да бидат повикани на одговорност кремљовските мегафони  како што е РТ“, изјави Фалон.

Во своето интервју Фалон исто така позитивно се изјасни и за санкциите против Русија, пренесува РТ на руски.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.