Експерт: Ќе сака ли Унгарија да стане „ударниот овен“ на Путин?

„За среќа на Путин, донесувањето на најважните одлуки во ЕУ (во кое спаѓа и продолжувањето на антируските санкции) се прави со консензус, па затоа спротивставувањето на малата, но решителна Унгарија, може да доведе до крах на режимот на санкции“, пишува Геворг Мирзајан за РИА „Новости“.

Посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Унгарија се најде во центарот на вниманието на водечките светски медиуми и очигледно е во дисонанса со важноста која малата Унгарија ја има во големата Европска унија, пишува за РИА „Новости“ експертот Геворг Мирзајан.

Авторот смета дека за укинување на антируските санкции би требало да се оди во Брисел, официјалниот главен град на ЕУ, или во Берлин – реалниот. Меѓутоа, малата Унгарија може да стори многу повеќе на тој план.

„За среќа на Путин, донесувањето на најважните одлуки во ЕУ (во кое спаѓа и продолжувањето на антируските санкции) се прави со консензус, па затоа спротивставувањето на малата, но решителна Унгарија, може да доведе до крах на режимот на санкции“, се вели во текстот.

Сите земји од ЕУ кои беа против санкциите, како на пример Италија, се повлекоа под притисокот од Меркел и Обама. Меѓу нив беше и Унгарија, а Будимпешта го објаснуваше тоа со фактот дека властите едноставно не сакаа да ѝ се спротивстават на целата Унија, потсетува авторот.

Меѓутоа, ситуацијата се смени, на власт дојде Доналд Трамп, кој гледа благонаклоно не само на идејата за укинување на антируските санкции, туку и на евроскептицизмот.

Виктор Орбан има шанси да стане еден од милениците на Трамп, затоа што се слични во многу нешта. На пример, и двајцата не се плашат да зборуваат политички некоректни нешта, поради што либералните медиуми ги демонизираат. Затоа тие медиуми сега и пишуваат за тоа како напролет, кога ќе се разгледува уште едно продолжување на санкциите, Будимпешта ќе заземе поцврст став од оној кој го имаше лани. И сосема е можно дека на тој начин ќе стане „ударниот овен“ на Путин за укинување на санкциите, смета авторот.

Важно е и тоа што Унгарија самата сака да биде тој „ударен овен“. И не само поради економски причини (сите знаат дека во новите услови оваа европска земја прва ќе ги направи чекорите кон нормализација на односите со Русија и со тоа ќе добие убава награда), туку и поради идеолошки. Укинувањето на санкциите Виктор Орбан не го доживува како исправање на грешката, туку и како напад на Брисел, затоа што за него „ерата на мултилатералните односи завршува, и пред нас е ерата на билатерални односи“, заклучува Мирзајан.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња