Чуркин ѝ одговори на американската колешка со цитат од уставот на САД

Постојаниот претставник на Русија во ООН Виталиј Чуркин одговори на изјавата на неговата американска колешка Ники Хејли за припадноста на Крим со зборови од уставот на САД.

Новиот постојан претставник на САД во ООН Ники Хејли во четвртокот првпат говореше во Советот за безбедност на ООН на отворената седница по повод ситуацијата на истокот на Украина. Таа со жалење истакна дека во својот прв говор „треба да ги осуди агресивните дејствија на Русија“ во однос на Украина. Хејли исто така изјави дека санкциите на САД поврзани со Крим ќе останат во сила, „сѐ додека Русија не ѝ ја врати на Украина контролата над полуостровот“.

„Во врска со ова не може да не се спомне дека во уставот на САД се запишани такви извонредни историски зборови: „Ние, народот“, изјави Чуркин во репликата. „Народот на Крим наполно дефинитивно ја изрази својата волја на референдумот“, изјави постојаниот претставник на Русија.

Во текот на седницата постојаниот претставник на Велика Британија Метју Рајкрофт изјави за одговорноста на Русија за настанувањето на кризата во Украина која, според него, започна со настаните на Крим. Чуркин потсети дека „сѐ почна со државниот преврат во многу нешта поддржан однадвор“.

Тој исто така му одговори на колегата од Обединетото Кралство. „Вратете го Малвинските острови, вратете го Гибралтар, вратете го анектираниот од вас дел на Кипар, вратете го архипелагот Чагас во Индискиот океан, кој вие го претворивте во огромна воена база. Тогаш вашата совест, можеби, ќе биде малку почиста и ќе можете да дискутирате на други теми“, изјави Чуркин, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.