Путин смени од должност 16 генерали

Со указ на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин се ослободени од должност 16 генерали во безбедносните ресори и на нивно место назначени други функционери.

Претседателот на Русија Владимир Путин смени од должност 16 генерали на безбедносните институции: Министерството за вонредни состојби на РФ, МВР РФ и Истражниот комитет на РФ.

Соодветниот указ беше објавен во четвртокот, 2 февруари, на официјалниот интернет-портал за правни информации.

Според документот, двајца генерали се ослободени не само од вршењето на функцијата, туку и од воената служба.

Со претседателскиот указ исто така се назначени и раководители и заменици-раководители на највисоките функции во наведените ресори, како и обвинители на Република Крим и Ленинградската област, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња