МНР РФ откри нови детали од разговорот меѓу Путин и Трамп

Директорот на одделот за Северна Америка на МНР РФ Георгиј Борисенко раскажа нови детали од разговорот меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп.

Според дипломатот, од американска страна се чувствувало расположение за работа со Москва „без фобија“.

Говорејќи во текот на тркалезната маса во Советот на Федерацијата, Борисенко изјави дека разговорот беше „многу наситен според опфатените теми и, најважно, конструктивен и топол според атмосферата“.

„Од американска страна се чувствуваше расположение за заедничка работа на деловен начин, без фобија, во заемен интерес“, потенцираше рускиот дипломат, пренесува РИА „Новости“.

Тој додаде дека таквото расположение е „веќе забележливо во контактите со соработниците на Трамп“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња