Туск: Трамп, Русија, Кина и радикалниот ислам се најголемите закани за ЕУ

ЕУ го стави претседателот на САД Доналд Трамп на исто ниво со Русија, Кина и радикалниот ислам, нарекувајќи ги главни закани за постоењето на унијата, соопштува „Ројтерс“ повикувајќи се на писмото на претседателот на ЕУ Доналд Туск до европските лидери пред самитот на Малта.

Претседателот на Европскиот совет, конзервативец и поранешен премиер на Полска Доналд Туск ги повика лидерите на земјите-членки на ЕУ да предложат теми за дискусија кога ќе се сретнат на Малта во петокот за да дискутираат за иднината на Европската унија, додека Велика Британија се подготвува да ја напушти, соопштува „Ројтерс“.

„На сосем јасен јазик кој ја одразува длабоката загриженост на Европа во врска со поддршката на Трамп за Брегзит, како и за неговата политика против бегалците и мигрантите од редица муслимански земји“, Туск ги повика Европејците остро да истапат против националистите-евроскептици и да преземат „конкретни мерки“ за продлабочување на интеграцијата на континентот, истакнува агенцијата.

Според Туск, ЕУ е соочена со најголемите предизвици во целата своја 60-годишна историја. Главните надворешни закани се, пред сѐ, „наметливата Кина“, „агресивната политика на Русија“ кон соседите и „радикалниот ислам“ на Блискиот Исток и во Африка. „Сето ова, плус алармантните изјави на новата американска администрација, ја прави нашата иднина крајно непредвидлива“, потенцира Туск.

Создавањето на Европската Унија по Втората светска војна и студената војна беше неопходно „за да се избегне уште една историска катастрофа“, потсетува Туск. Тој исто така потенцира дека Американците не треба да ги ослабуваат трансатлантските врски, кои служат како основа за „глобалниот ред и мир“, изјави претседателот на ЕС. Во март, пак, ќе биде 60-годишнината од „Римскиот договор“, со кој почна создавањето на Европската Унија, потсетува „Ројтерс“.

Според Туск, „распадот на Европската унија нема да резултира со враќање на оној митски суверенитет на нејзините земји-членки, напротив, тој ќе доведе до нивната реална и фактичка зависност од големите суперсили: САД, Русија и Кина“, потенцира тој. „Само заедно можеме да бидеме целосно независни“, додаде претседателот на ЕУ.

За иднината на ЕУ и нејзините односи со новата администрација на САД европските лидери имаат намера да разговараат на 3 февруари. Претседател на неформалниот самит ќе биде Доналд Туск. Се очекува да присуствуваат 27 шефови на држави и влади.

Во меѓувреме, неколку европски високи официјални претставници во понеделникот веќе се обидоа да се договорат за тоа како ЕУ треба да реагира на изјавите на Трамп. Најважно е да не се избрзува, да не се отуѓи клучниот сојузник, заклучија тие. „Не сакаме да запалиме оган“, изјави за „Ројтерс“ висок дипломат на ЕУ, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.