Претседателот на САД Доналд Трамп е свесен за загриженоста на некои членови на парламентот на земјата поради моменталната состојба на руско-американските односи, но смета дека двете земји „треба да се движат нанапред“. Ова во коментарот за РИА „Новости“ го изјави советникот на Трамп за надворешна политика во текот на изборната кампања Валид Фарес.
Според Фарес, голем број американски законодавци ја истакнуваат контроверзната природа на односите меѓу Русија и САД, како и „многубројните проблеми кои ги наследивме од минатото и продолжуваат да постојат до ден-денес“.
„Тој (Трамп) ја разбира загриженоста на некои членови на Конгресот, меѓутоа вели дека се наоѓаме во нова фаза, и (би требало) да се движиме нанапред“, изјави соговорникот на агенцијата.
Трамп претходно повеќе пати изјави дека има намера да вложи максимални напори за нормализирање на односите со Русија. Според претседателот на САД, тоа ќе биде од корист за двете страни.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче