Руските милијардери за еден месец побогати за 7,9 милијарди долари

Руските милијардери во јануари станале побогати за 7,9 милијарди долари, вели Индексот на милијардери на „Блумберг“.

Од почетокот на 2017 година вкупното богатство на руските милијардери пораснало за 7,9 милијарди долари, велат податоците на Индексот на милијардери на „Блумберг“ (Bloomberg Billionaires Index-BBI).

Лидер на рејтингот се најде претседателот на компанијата „Русал“ Олег Дерипаска, чиј капитал првиот месец од 2017 година се зголемил за 1,7 милијарди долари – на 7,8 милијарди долари.

На второто место е главниот акционер на Магнитогорскиот металуршки комбинат (ММК) Виктор Рашников. Во јануари неговиот капитал се зголемил за 1,1 милијарди долари – на 7,5 милијади долари. Третото место го зазема првиот човек на бордот на директори на Новолипецкиот металуршки комбинат (НЛМК) Владимир Лисин. Богатството на бизнисменот пораснало во јануари за 941,5 милиони долари – на 14,1 милијарди долари.

Меѓу првите десет се најдоа и главниот сопственик на „Еврохим“ Андреј Мељниченко (со плус 898,5 милиони долари), основачот на USM Holdings Алишер Усманов (побогат за 875 милиони долари), првиот човек на групацијата „Ренова“ Виктор Вексељберг (побогат за 697,7 милиони долари).

Bloomberg Billionaires Index се пресметува врз основа на вредностите на акциите на компаниите во кои удел имаат милијардерите, пренесува „Лента.ру“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.