Русија минатата година произведе повеќе од 50 милиони тони шеќерна репка и за прв пат стана светски лидер во оваа област, пред Франција, САД и Германија, соопшти министерот за земјоделство на РФ Александар Ткачев.
Според министерот, ваквиот принос ќе овозможи да се произведат околу 6 милиони тони шеќер и да се создаде потенцијал за извоз на шеќер во странство во обем од повеќе од 200 илјади тони, што е 25 пати повеќе отколку во 2015 година, пренесува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.