Медиум: НАТО се откажа од преговорите со Украина за ПРО

Северноатлантската алијанса одлучи да ја одложи средбата со претставници на Украина за преговори за користење на системот за противракетна одбрана (ПРО) на алијансата во Европа. Извори во НАТО го објаснуваат ова со „политичката деликатност“ во вклучувањето на Киев во таквите преговори, пишува „Вол Стрит Џурнал“.

„Има одредена политичка деликатност во вклучувањето (во преговорите) на Украина, затоа што е очигледно дека тоа може да предизвика претерана реакција од страна на Русија“, изјави извор за „Вол Стрит Џурнал“.

Според информациите на весникот, било планирано со Киев да се разгледаат веројатните инциденти кои можат да настанат при користењето на системот за ПРО на НАТО во Европа, вклучително и паѓањето на украинска територија на ракета-пресретнувач или нејзини остатоци.

Од НАТО изјавуваат дека не ја исклучуваат одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп за потесна соработка на организацијата со Москва, затоа ако Алијансата не сака заострување на односите со Русија, на ова прашање треба да му се пристапи внимателно.

Претходно киевските власти изјавија желба да распоредат елементи на европскиот систем за ПРО на НАТО на своја територија, пишува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.